58
Арсенал ќе го продаде Олескандр Зинченко на Ајакс, фудбалерот веќе е во Амстердам за да го формализира трансферот.
29-годишниот украински фудбалер на почетокот од сезоната се пресели во Нотингем форест на позајмица, но само четирипати беше стартер на мечевите од Премиер лигата.
Зинченко бара средина каде што ќе игра, а тоа ќе биде Ајакс.
Деталите се договорени, останува уште да биде формализиран трансферот и официјално објавен.