По третиот пораз
во низа во нашиот најсилен фудбалски шампионат, тренерското столче во
Работнички ќе претрпи промени, тимот од Дебар Маало игра во очајна форма, а
Жикица Тасевски си поднесе неотповиклива оставка по денешниот пораз во
градското дерби со Вардар.
Веста е официјално потврдена и на сајтот на македонскиот прволигаш, а Тасевски ја
презеде одговорноста за слабите резултати на скопскиот тим, тој се заблагодари
на раководството на клубот за довербата и условите кои ги имал на располагање.
„Поднесов неотповиклива оставка поради за мене
неприфатливата ситуација во која се наоѓа мојот клуб. Работев, посветено,
искрено секогаш подготвен за стручна анализа и одговорност за сопствените дела.
Резултатски не бевме најдобри тоа треба да го признаеме, а кој го познава
денешниот фудбалски поредок тоа секако ќе го разбере“ стои во изјавата на Тасевски, објавена на
официјалниот клупски сајт на Дебармаалци.
„Сакам да
се заблагодарам на претседателот Драган Поповски и на директорот Иван Поповски
за довербата и условите за работа кои ни беа овозможени. Им посакувам на сите
во клубот многу среќа во продолжението на првенството. Ќе бидам најсреќен ако
моето заминување биде пресвртница кон нови успеси достојни за клуб каков што е
Работнички!“, додаде Тасевски.
Извор/Фото-вест: fkrabotnicki.com
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.