Зидан за Погба: Зошто да не дојде во Реал Мадрид?

by
1 минути читање

Марка извести
дека веќе на два пати се одржали преговори помеѓу Реал Мадрид и агентот на Пол
Погба, Мино Рајола, во кои Рајола ги убедил челниците на Кралскиот клуб дека
неговиот клиент сака да го напушти Манчестер јунајтед на лето и да се приклучи
на шпанскиот гигант.

Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го потврди интересот на неговиот
клуб за францускиот репрезентативец, притоа додавајќи дека станува збор за
одличен фудбалер.

Тој е одличен
фудбалер, не можам да кријам дека ми се допаѓа неговиот стил на игра, го
познавам и лично, тој е фудбалер кој прави разлика на теренот, многу малкумина
можат да го прават тоа што тој го прави на терените, фудбалер од средниот ред
кој истовремено знае и да помогне во дефанзивната линија, да напаѓа, да прави
се
на теренот“ рече Зидан.

Но, тој е
фудбалер на Манчестер јунајтед, секогаш го потенцира тоа, по Манчестер, Реал
Мадрид секогаш е заинтересиран за него, така да, кога би завршил со неговиот
престој во Манчестер, зошто да не дојде во Мадрид?
“ запраша францускиот
фудбалски стратег.


×