Зидан со нова тактика против Салцбург, Азар со гол првенец донесе победа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Еден Азар го
постигна голот првенец за Реал. Белгиецот погоди по една соло акција на
пријателскиот натпревар против Салцбург.

По една контра и акција во три потези, Куртоа го проигра Бензема, кој пак гоиспрати
Еден Азар во фор, за Белгиецот убаво да се ослободи од двајца противници и од
врвот на шеснаесетникот биеше за 0-1 во 19. минута од мечот.

Зинедин Зидан за
оваа контролка се реши да испроба нова тактика и настапи со формација 3-5-2. Во
одбраната порај Рамос и Варан шанса доби новото засилување Милитао.

Натпреварот
против Салцбург беше првиот на кој избраниците на Зизу не примија гол ова лето.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×