Зидан со комплименти за Симеоне: Тој е тренер со голем карактер

by
1 минути читање

Зинедин Зидан
испрати коментари со комплименти за неговиот ривал од клупата на Атлетико
Мадрид, Диего Симеоне, за кого потенцираше дека е многу подобар тренер од што
бил фудбалер во својата кариера.

„Како тренер тој
е многу подобар од тоа што беше како фудбалер, како фудбалер тој беше еден од
тимот, но сега е тренер и работи на едно доста добро ниво“ смета популарниот
Зизу.

„Тој е тренер со
голем карактер кој сака задачите да ги сработи на високо ниво“ додаде Зидан.

Аргентинскиот
фудбалски стратег стана еден од најдобрите во својата професија изминатите
неколку години во Европа на кормилото на тимот од Мадрид, а својот препознатлива
енергичност и карактер крај аут линијата воопшто не го крие за време на
натпреварите на Јорганџиите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×