Зидан си постави нова цел, сака Реал да игра како Барса

by
1 минути читање

Французинот без големо искуство седна на жешкото столче на Реал Мадрид во јануари 2016 но за кратко време го склопи коцките и „Лос Бланкос“ почнаа да доминираат.

„Кралевите“ најпрво ја освоија Лигата на шампионите, потоа го прекинаа постот во Шпанија и ја донесоа првата титула на Бернабеу по 2012, а успеаја да станат и првиот клуб кој во модерната ера го одбранил трофејот од најелитното европско натпреварување.

Во интервју со БеИН Спортс, Зинедин Зидан сега октрива дека во иднина посакува да промовира нов стил на игра. Целта е Реал Мадрид да игра убав фудбал и да го има поседот на топкта, фудбал кој го практикува нивниот лут ривал, Барселона.

„Има толку многу извонредни играчи па сакам тимот да игра убаво“ – вели тренерот не Реал.

„Го барам најдобриот стил а тоа е да се има поголем посед од противникот, дури и против Барселона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани