Зидан: Шегата на Иско и Мората беше добра!

by
2 минути читање

За Иско и Алваро
Мората одново немаше место во стартниот состав на дуелот со Виљареал, па мечот
на Ел Мадригал, двајцата Шпанци го започнаа од клупата за резерви.

Пред судијата да
означи почеток, камерите ги уловија Иско и Мората како
се шегуваат за сопствената ситуација.

„Јас сум второ
јадење
– рече Иско, а
на ова Мората со насмевка на лицето дофрли: „А јас сум десерт
!

Зборувајќи на
денешната прес конференција, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одби да им
замери на играчите.

„Шегата беше
навистина добра!“
– вели Французинот.

„Сите видовме што
прикажаа на теренот кога добија шанса и тоа мене ме интересира повеќе. Се
останато не е важно“.

„Имаме 24 играчи
и моја работа е да направам избор. Тоа е една од потешките задачи во мојата
работа“.

„Сите знаат какво
е моето мислење за Иско и Мората. Тие си ја завршија својата работа и сите
заедно остваривме победа“.

„Еден фудбалер да
одигра 14 натпревари по ред и потоа да остане на клупата на еден натпревар, ќе
биде бесен“.

„Не можам да ги
задоволам сите. Сакам само на сите да им покажам дека се важен дел од тимот“.

„Сите играчи ни
се потребни за да ги оствариме целите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани