Зинедин Зидан како што стојат работите би можел на голема врата да се врати во европскиот фудбал.
Имено, како што пренесуваат медиумите од неговата земја, речиси сигурно е дека тој ќе биде наследникот на Дидие Дешан.
Французите вчера објавија дека Дешан заминува од кормилото на националниот тим по завршувањето на Мундијалот во 2026 година. Зидан во кариерата го водеше само Реал Мадрид и веќе одреден период се пишува дека негова единствена желба е клупата на Франција и сега веројатно ќе добие шанса.
Реномираниот „Ле Парисиен“ наведува дека Зидан е апсолутен фаворит за преземање на француската репрезентација и наведува дека би било големо изненадување ако тоа не се случи.
Ќе потсетиме, мундијалот во 2026 годин ќе се игра во САД, Мексико и Канада и тоа ќе биде одлична можност за Дешан кој 14 години ја води репрезентацијата да се прости на најдобар можен начин.
🚨 BREAKING: Zidane is the FAVOURITE to become France manager after World Cup 2026. @le_Parisien pic.twitter.com/zAigdCYX7g
— Madrid Xtra (@MadridXtra) January 7, 2025