Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се уште инсистира на Пол Погба,
пренесува „Марка“, а весникот додава дека францускиот фудбалски стратег го
посакува својот сонародник во својот тим по секоја цена.
Контактите помеѓу
тренерот и фудбалерот на Манчестер јунајтед не запреле, тврди весникот, со
самото тоа што самиот Зидан не крие дека е во пријателски односи со Погба, а
воедно тој не крие дека има големи симпатии кон играта на Погба.
Погба и Зидан
имаа и средба во октомври во Дубаи, неофицијално, самиот тој посакува трансфер
во редовите на „Кралевите“, па токму затоа го притиска Манчестер јунајтед на
едно такво сценарио кое би можело наскоро да се случи.
Воедно, во
Манчестер јунајтед наводно почнале да се сомневаат во сериозноста на повредата
на Погба, таа информација ја пренесе „Кадења Копе“, откако Французинот помина
повеќе од половина сезона рехабилитационен период во Дубаи и Мајами.
Ситуацијата во
Манчестер јунајтед околу Погба е позната, меѓутоа од друга страна пак, „Марка“
наведува дека во Реал Мадрид се уште не се убедени во тоа колку би била добра
зделката за евентуален трансфер на Погба на „Сантијаго Бернабеу“.
Директорите во
шпанскиот гигант се согласуваат на тоа дека Погба е одличен фудбалер, меѓутоа
се сомневаат во тоа каков импакт ќе има фудбалер од типот на Погба во тим како
Реал Мадрид, од таму голема надеж пријавуваат во Федерико Валверде, од кого
очекуваат многу во иднина, па дури се размислува и на Мартин Одегард, кој
веројатно е дека ќе се врати во „Кралскиот клуб“.