Зидан по мечот со Баерн: Колку побрзо си оди Бејл, толку подобро!

by
1 минути читање

И покрај тоа што се работеше за пријателски натпревар, Зидан не му даде можност на Бејл да заигра на мечот против Баерн Минхен.

По натпреварот тренерот изјави дека колку побрзо замине Бејл од клубот, толку ќе биде подобро.

„Не сакам да зборувам за тоа, ќе видиме, колку побрзо си замине толку подобро. Мислам дека тоа е најдобро за сите, и за него, клубот разговара со клуб каде што би можел да игра и тоа се случува во моментов“, вели Зидан.

„Не е ова нешто лично со Бејл, немам ништо лично со него. Доаѓа време кога работите треба да се променат. Треба да донесам одлуки и треба да се промениме, ќе видиме што ќе се случува, но ништо слично“.

„Се надевам дека во наредните 24 или 48 часа ситуацијата ќе се промени за доброто на сите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани