Реал Мадрид извојува тешка победа против Хуеска од 3-2 со гол на Бензема во финишот од натпреварот.
Зидан изненади со потегот да го стави неговиот син Лука како прв голман, многумина сметаат дека тоа е непотизам и се прашуваат дали Зидан ќе му дадеше ваква шанса на некој друг млад голман доколку тој не му беше син. Но стратегот има свое објаснување.
„Среќен сум за него бидејќи ова беше негово деби на Бернабеу, но Лука е силен за трет голман“, вели Зидан.
„Тибо не беше подготвен и сакавме да го одмориме Кејлор Навас бидејќи беше со националниот тим“.
„Лука 16 години е во категориите на Реал Мадрид, и има квалитет и персоналитет“.
„Само се обидувам да победам на сите натпревари но по паузата за репрезентации секогаш се трудите да одморите дел од фудбалерите и има некои што тука работат 15 денови во тој период“.
„Не верувам дека можете да освоите титули сао со 11 играчи, невозможно е 11 фудбалери да одиграат 60 натпревари“.
„Тоа е мојот начин на размислување и само се обидувам да ги одберам најдобрите 11 за тој натпревар. Луѓето можеби мислат дека сакам да ги задоволам сите, но тоа не е случај. Вие може да играте некој играч на 50 натпревари и потоа кога ќе го извадите тој да биде лут“.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.