Зидан не може глава да крене од проблеми, се повреди и Јовиќ

by
0 минути читање

Подготовките за Реал Мадрид не се одвиваат добро, ноќеска беа понижени од Атлетико Мадрид, загубија со 7-3, но се повреди и Лука Јовиќ.

Тој го повреди зглобот на левата нога по еден дуел со Облак и мораше да го напушти теренот во 28. минута.

Јовиќ е четвртиот фудбалер кој се повредува, претходно тоа им се случи на Асенсио, Брахими и Менди.

Се уште не се знае за колку тешка повреда станува збор и колку ќе отсуствува Јовиќ. 

Најтешка е повредата на Асенсио кој ќе пропушти најголем дел од сезоната. Тој ги повреди вкрстените лигаменти на коленото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×