Зидан не губи финале со Реал, „кралевите“ на пенали до трофејот во Суперкупот на Шпанија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Првото издание на
Суперкупот на Шпанија со нов формат и надвор од Шпанија, заврши со триумф на Реал Мадрид. Зинедин
Зидан нема пораз во финале на кормилото на „кралевите“ и убавата серија
продолжи откако вечерва неговите избраници на пенали ја добија прсметката со лутиот
градски ривал Атлетико Мадрид во Џеда.

Реал беше тимот
кој доминираше и креираше доста прилики, но не ја затресе мрежата на Облак.
Атлетико исто така имаше свој шанси но и „колчонероси“ не успеаја да го
матираат Куртоа.

Откако 120 минути
не падна погодок, пеналите го донесоа победникот.  Саул и Томас промашија за Атлетико, фудбалерите на Реал беа сигурни,
Карвахал, Родриго, Модриќ и Рамос погодија и славјето можеше да почне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×