Зидан не го знае фудбалерот за кој Реал Мадрид плаќа 61 милион евра!

by
1 минути читање

За да не го загуби новиот фудбалски бисер од Бразил, Реал Мадрид реши да одвои 20 милиони евра повеќе од понудата на Барселона и на Фламенго да му плати 45 милиони евра за 16 годишниот Винисиус Жуниор.

„Кралевите“ ќе одвојат и 16 милиони евра како провизии и бонуси наменети за играчот, неговото семејство и агентите.

И покрај тоа што се работи за неверојатна сума, Зинедин Зидан не го познава фудбалот.

Запрашан на денешната прес конференција дали го познава Винисиус, Французинот одговори: „Кој?“.

„Сите зборуваат за него, па го знам поради тоа, но лично не го познавам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани