Зинедин Зидан изминатиов викенд беше најавен како наследник на Жозе Мурињо на кормилото на Фенербахче, но стратегот не го интересира ова, во мислите ја има само клупата на репрезентацијата на Франција.
Зинедин Зидан нема да го презеде кормилото на Фенербахче, Французинот не е заинтересиран да го наследи Жозе Мурињо во Истанбул.
Поранешниот предводник на Реал Мадрид во мислите ја има само клупата на репрезентацијата на „триколорите“ – планот е да го наследи Дидје Дешам по мундијалот во 2026 година.
И тој веќе со месеци се подготвува за новата авантура, студира и анализира како функционира националниот тим, а ги мониторира и фудбалерите и нивните изданија.
Се шпекулира дека добар дел од репрезентативците со нетрпение чекаат да играат под негово водство, еден од нив е и првата ѕвезда – Килијан Мбапе.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.