370
Во изминатите денови силно се шпекулира дека Кејлор Навас сака да си замине од Реал Мадрид откако Зидан одлучи Куртоа да биде првиот голман.
Но францускиот стратег вели дека не знае ништо за заминување на Навас.
„Навас е играч на овој тим. Тој е и ќе биде. Не ми кажал дека сака да си оди. Тука и ќе остане со нас. Секогаш бил голем професионалец“, вели Зидан на денешната прес конференција.
„Не размислувам за негова замена. Мислам дека ќе биде тука. Тој е многу важен играч за нас и го покажал тоа. Сакам Навас да остане во тимот, тоа е мојот став“.
На Зидан му беа поставени повеќе прашања за Нејмар, но одговорот секогаш беше ист. Не сака да зборува за играчо кои не се во неговиот тим.