Зизу денеска
против Селта ќе го има првиот меч на клупата на Реал откако во понеделникот се
врати на Бернабеу по катастрофалната сезона. Французинот за
овој меч не можеше да смета на неколку играчи поради повреди и суспензии, па
многумина со нетрпение чекаа да видат каков ќе биде составот на стратегот.
Зинедин Зидан се
реши за револуција и направи неколку интересни избори. Тибо Куртоа е седнат на
клупа а Кејлор Навас е помеѓу стативите.
Во стартните 11-ет ги врати и играчите кои добиваа мала минутажа кај Солари, па Марсело ќе
игра како лев бек, Асенсио и Бејл ќе му прават друштво на Бензема во нападот а
ретка шанса од првата минута доби и Иско.
¡Once inicial contra el @RCCelta!#RMLiga | #HalaMadrid pic.twitter.com/HqSWEPysmo
— Real Madrid C.F.(@realmadrid) March 16, 2019