Зидан: Наполи има „оружја“ со кои може да не повреди

by
1 минути читање

Реал Мадрид утре го пречекува Наполи во првиот осминафинален дуел кој ќе се одигра на Сантијаго Бернабеу.

„Наполи има добри играчи и имаат многу подвижна офанзивна линија“ – вели Зидан.

„Тие се многу интензивни и брзи, технички се силни и имаат оружја со кои можат да не повредат. Ќе видиме кој ќе биде подобар“.

„Играат со висок интензитет, можат да бидат многу опасниод контра напади, па ќе треба да бидеме исклучително внимателни“.

Зидан беше запрашан и што мисли за Марадона, легендата на Наполи кој ќе биде на трибините на Бернабеу на утрешниот меч.

„Со сета почит за Марадона кој го гледав кога имав 14 години, повеќе стравувам од оние кои ќе бидат на теренот отколку од тие надвор од него“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани