„Кралевите“ се на
добар пат да ја освојат титулата во Примера за прв пат по 2012, а во игра се и
за одбрана на трофејот од Лигата на Шампионите.
Но и покрај тоа,
Зинедин Зидан бара нови екстра засилувања и Реал Мадрид е подготвен да го
одврзе ќесето по крајот на сезоната.
Голманската
позиција се посочува како една од послабите алки во тимот, па „Кралевите“ ќе го
обноват интересот за Давид Де Геа и спремни се да платат 50 милиони фунти за
ангажман на Шпанецот.
Карим Бензема
продолжува да игра под очекувањата, неговата позиција во тимот е под знак
прашалник, и се говори дека Зинедин Зидан го сака Пауло Дибала од Јувентус.
Аргентинецот има
нова одлична сезона, нема да биде ефтин и Реал Мадрид ќе треба да искешира
околу 75 милиони фунти за неговите услуги.
Последна желба на
Зинедин Зидан е Еден Азар, Французинот не крие дека е голам фан на фудбалерот
на Челси.
За услугите на
Белгијанецот, клубот од Сантијаго Бернабеу е спремен да плати 80 милиони фунти.