Зидан ја комплетирал „сложувалката“, еве како ќе изгледа тимот на Реал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

И покрај тоа што
трасфер пазарот се уште официјално не е започнат и многу работи можат да се случат до
септември, Марка вели дека Зинедин Зидан ја комплетирал „сложувалката“ и има
јасна слика за тоа како ќе изгледа тимот за новата сезона.

Марсело и
Касемиро немаа прирордни замени минатата сезона, но овој проблем сега ќе биде
надминат со пристигнувањето на Тео Ернандез и Маркос Љоренте.

Левиот бек треба
да пристигне од градскиот ривал Атлетико Мадрид во зделка вредна околу 26
милиони евра, а Маркос Љоренте се враќа на Сантијаго Бернабеу откако доби
можност за поголема минутажа во Алавес, каде имаше одлична сезона

Марка вели дека
во форот останува триото „ББЦ“ а на голот Кејлор Навас.

Но весникот не ја
исклучува можноста Мбапе и Донарума да пристигнат на Бернабеу, а клубот да го
напуштат Хамес Родригез и Алваро Мората, заедно со веќе отпишаните Пеп и
Коентрао.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани