Зидан имал телефонски разговор со Сабослаи, го повикал во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат Зидан имал телефонски разговор со фудбалерот на
Салцбург, инаку голема желба на повеќе европски гиганти, Доминик Сабослаи околу
можноста за трансфер на 20 годишниот Унгарец на „Сантијаго бернабеу“ уште во
јануарскиот преоден рок.

Фудбалерот од
средниот ред е еден од најголемите таленти на европско фудбалско тло, а особено
голем интерес изминатиов период за неговите услуги прикажаа два клубови од
Лондон, и тоа Арсенал и Тотнем.

Собослаи го
привлече вниманието и кај сестринскиот клуб на Салцбург, Лајпциг, меѓутоа
фактот што за потписот на Собослаи сериозно „загриза“ гигантот Реал Мадрид ќе
го стави во големи дилеми младиот фудбалер, а за телефонскиот разговор кој
Зидан го имал со Унгарецот извести германски „Билд“.

Информациите
говорат дека Реал Мадрид ќе издвои 20 милиони евра за Собослаи, онолку колку
што всушност изнесува и неговата цена, а Собослаи на 78 настапи за Салцбург
запиша 25 погодоци досега во сите конкуренции, има активен договор со клубот до
2022 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×