Зинедин Зидан
полека но сигурно го склопува мозаикот за идната сезона на кормилото во Реал
Мадрид по ланската очајна сезона зад која не стои името на францускиот
фудбалски стратег кој беше повикан да го гаси пожарот.
Куртоа, Карвахал,
Рамос, Крос, Модриќ, Азар и Бензема се чини дека нема никакви дилеми околу тоа
дека се прв избор кај Зидан на своите позиции, барем така најавува „Марка“, а
весникот додава дека евентуално тие би биле заменети доколу се повредени, или е
предвидено да бидат одморени.
Потоа следат
одредени дилеми кај Зидан, новото засилување Менди ќе се докажува со Марсело
како конкуренција, под мал знак прашање е секако колку Одриозола ќе успее да се
наметне во однос на Карвахал, а тука е воедно и Милитао кој како конкуренција
ќе ги има Рамос или Варан.
Сепак,
најголемата дилема кај Зидан е да одбере помеѓу Винисиус и Асенсио, за десната
крилна позиција во стартниот состав на Кралевите.
Обајцата млади
фудбалери котираат високо во плановите на Зидан, меѓутоа тој ќе мора да одбере
еден од нив двајца како прв избор, на левата страна нема никакви дилеми дека ќе
„царува“ големото засилување Азар.
На 23 години, ова
се одлучувачки моменти во кариерата на Асенсио, а идната сезона може да биде
голем чекор напред за него, од друга страна пак Винисиус покажа и докажа дека
поседува квалитет да игра во редовите на гигантот, ако се земе во предвид дека
во „црните денови“ на клубот во минатата сезона, токму младиот Бразилец беше
тој кој се обиде да ги предводи на теренот.