Зидан има една желба, Перез друга, претседателот и тренерот во судир за наследникот на Варан

by
1 минути читање

Откако Л’Екип
пред две недели објави дека Рафаел Варан размислува да си замине од Бернабеу,
денеска пристигна информација дека дефанзивецот веќе ја известил управата на
Реал дека сака да ја промени средината.

Па „кралевите“
разгледуваат опции во случај Французинот летоска да направи трансфер. Според
пишувањата на АС, Флорентино Перез и Зинедин Зидан се на различна бранова
должива кога е во прашање потенцијалниот наследник на Рафаел Варан.

Зизу е особено
заинтересиран да го донесе Калиду Кулибали од Наполи. Сенегалецот подолго време
е на радарот на стратегот, кој изразил желба да го ангажира дефанзивецот и во
својот претходен мандат на кормилото на Реал.

Претседателот на
„кралевите“ пак има друга идеја и преферира да го купи Хосе Мариа Хименез од
Атлетико Мадрид.

Кога 24 годишниот
Уругваец во декември бил на Бернабеу да го гледа финалето од Копа Либертадорес,
Флорентино Перез се погрижил да се сретне со Хименез и да разговара со него,
тактика која АС вели дека била користена и во минатото за привлекување играчи.

Останува да се
види како ќе се одвиваат работите во следните месеци, но и двајцата дефанзивци
имаа висока цена и доколку Реал реши да тргне по еден од нив, сигурно ќе издови
огромна сума.

Хименз има
откупна клаузула вредна 120 милиони евра и Перез ќе мора да ја плати оваа бројка
зошто Атлетико нема шанси да преговара особено со лутиот градски ривал.

Наполи за Калиду Кулибали веќе одби понуди од преку 100 милиони евра и во
последно време често се споменува дека е потребно 150 милиони евра за
Аурелио де Лаурентис да даде амин за продажба на својата ѕвезда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×