Зидан и Погба фатени како разговараат во Дубаи, се подготвува ли голем трансфер? (ФОТО)

by
1 минути читање

„Дејли Мирор“ дојде до фотографија од Пол Погба и Зинедин Зидан во Дубаи. Францускиот фудбалер е надвор поради повреда и дел од своето време го поминал таму, додека тренерот на Реал Мадрид бил на конференција.

Двајцата биле видени како разговараат, по што веднаш почна да се шпекулира дека тоа бил муабет поврзан со трансфер на Погба во Реал Мадрид.

Не е тајна дека Зидан одамна го сака Погба во Реал Мадрид, а фудбалерот сака да си замине од Манчестер јунајтед и иделна дестинација за него би било трансфер во кралскиот клуб.

Манчестер јунајтед игра очајно оваа сезона и се верува дека Погба во наредниот период поодлучно ќе почне да бара трансфер надвор од Олд Трафорд, со оглед на тоа што како агент го има Мино Рајола речиси е сигурно дека ако не во јануари, тогаш во следниот преоден рок ќе замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×