На францускиот
стратег од клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му оди одлично, популарниот „Зизу“
се реши да го испочитува фудбалското непишано правило „Тим што победува, не се
менува“, па така се реши да продолжи со речиси истиот состав како и лани, со тоа
што одлучи да го задржи Велшанецот Герет Бејл, иако постоеа неколку опции за
тој да си замине од Реал Мадрид ова лето.
Одлуката Бејл да
остане во Мадрид се чини дека во голема мера влијаеше напаѓачот на Монако,
Килијан Мбапе да се сврти кон ривалот на својот тим во Франција, Париз Сент
Жермен, кој по засилувањето со Нејмар сега сака да доведе уште едно атрактивно име во своите редови.
Според најновите
информации кои пристигнуваат, се вели дека Монако веќе е во потрага по напаѓач а
решението за таа позиција го гледа во Колумбиецот од редовите на Милан, Карлос
Бака, кој се чини дека е на излезна врата од Милано.
Шпекулациите
велат дека преговорите помеѓу Монако и ПСЖ се ближат кон самата завршница а
Монако за својот талентиран 18 годишен фудбалер би добил 180 милиони евра.
Од тоа што се
пишува низ медиумите во Франција издвојуваме и дека ПСЖ наводно му понудил
двојно повисока плата на Мбапе во однос на онаа на Реал Мадрид.