231
Реал Мадрид можеби не одигра нешто посебно по враќањето на Зинедин Зидан на кормилото, но славеше против Селта и Уеска. Сепак, вечерва „кралевите“ не можеа против Валенсија.
Домаќините беа подобар противник и на крајот славеа со 2-1. Гуедеш го отвори резултатот во 35. минута, а Гарај во 83. минута по еден корнер го навести триумфот.
Бензема во 94. минута постигна само почесен гол.