Зидан ги прокоментира најавите за заминување на Варан и уште еднаш ја правдаше одлуката да го стави син му Лука на голот

by
1 минути читање

Французинот
утрово се појави пред медиумите во пресрет на дуелот со Валенсија на Местаља и
говореше на неколку теми кои се актуелни изминативе денови.

Синоќа се
појавија извештаи кои велеа дека Рафаел Варан разговарал со лидерите на Реал и им
соопштил дека заминува по крајот на сезоната.

„Не сакам да замислам Реал Мадрид без Варан. Се уште е млад, тука е веќе осум
години, му оди одлично. Низ медиумите се појавуваат најразлични стории, но тој
мене ми нема кажано ништо. Игра за најдобриот клуб во светот, го знае ова, има
освоено многу титули тука. Мојата желба е да го задржам“
– вели Зинедин Зидан.

За дуелот со
Уеска во неделата, стратегот реши да му укаже шанса од првата минута на својот син Лука Зидан. Младиот голман воопшто не беше во план кај Хулен
Лопетеги и Сантијаго Солари оваа сезона, па многумина прашуваат дали Зизу ќе се
решел на еден ваков чекор доколку не се работело за неговиот син.

„Ништо се нема
променето, оние кои ме познаваат знаат дека Лука е тука на сопствени заслуги.
Тој е дел од овој клуб 16 години, како Карвахал и некои други. Лука е еден о
днив. Не ме интересира тоа што одредени луѓе се обидуваат да креираат друга
слика“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×