136
Зинедин Зидан е прв избор за наследник на Масимо Алегри на клупата на Јувентус по крајот на сезоната.
Според „Ла Стампа“, Зидан во изминатите неколку денови е во Торино каде што имал и разговори со челниците на Јувентус.
Неговиот поранешен соиграч од Јувентус, Никола Аморузо објави фотографија на инстаграм заедно со Зидан, Чиро Ферара и Марк Јулијано од некој терен за мал фудбал.
Реал Мадрид сакаат да го вратат Зидан, но се чини дека тој е многу поблиску до кормилото на Јувентус.
Јувентус веќе со години има апсолутна доминација во Серија А, целта на клубот е титулата во Лигата на шампионите која Зидан со Реал Мадрид ја освојуваше три пати по ред.