Зидан до медиумите: Секогаш се обидувате да креирате нешто што не постои во нашиот однос со Бејл

by
2 минути читање

Герет Бејл
повторно се најде во центарот на вниманието кај повеќе медиуми кои веднаш
пренесоа за тоа што Велшанецот се најде на Островот изминатиот викенд, веднаш
почнаа шпекулациите за тоа дека би можел да се врати во Премиерлигата, а
наводно дека имал и средба со својот агент.

Предводникот на „Кралевите“,
Зинедин Зидан категорично ги отфрли таквите шпекулации низ медиумите, тврдејќи
дека Бејл поради приватни причини бил во Англија, а за истото имал и дозвола од
клубот, Французинот отфрли било каков проблем во односот со фудбалерот.

Добро е што ме
прашавте за ова, многу работи беа пренесени низ медиумите, јас морам да посочам
најпрво дека сме во одличен однос, тој е со нас, тренира добро и работи добро
кога е во можност тоа да го стори, во моментов тој не ни е на располагање
бидејќи е повреден, тоа е тоа
“ рече Зидан.

Проблемот е во
тоа што многу се пишува во однос на различни работи поврзани со него, тој е
добар фудбалер, сите знаете за каков фудбалер станува збор, но, во моментов не
ни е на располагање, вие се уште се обидувате да креирате нешто што не постои
во нашиот однос
“ се обрати популарниот „Зизу“ кон медиумите, а потоа
категорично потврди дека Велшанецот имал дозвола да замине на Островот.

Тој вчера имаше
дозвола да замине за Лондон, се работи за приватни причини и замина, немам
ништо што повеќе да додадам на оваа тема, истовремено ќе посочам само дека доби
дозвола за такво нешто бидејќи не беше во комбинација за настап
“ додаде
Французинот и се осврна на постојаните шпекулации околу тоа дека Бејл би можел
да си замине.

Мислам дека тој никогаш
не спомнал нешто околу евентуално заминување, кога е подготвен, тој тренира и
игра
“ заклучи шефот на стручниот штаб на „Кралевите“.

Враќање во
Тотнем, како и Манчестер јунајтед и Арсенал се наведуваат како клубови кои би
можеле да бидат идна дестинација за Бејл, покрај кинески Шангај кој исто така
се наведе како опција за Велшанецот од пред извесен период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×