Во текот на денешниот дел излезе информација дека за време на мечот меѓу Реал Мадрид и Тотнем, Герет Бејл играл голф.
Тој не отпатува на турнирот во Минхен, беше оставен да работи сам поради тоа што не е доволно фит.
По денешниот меч со Фенербахче, Зинедин Зидан одговараше на прашања поврзани со играњето голф на Герет Бејл.
„Не знам… вие ми кажувате нешто кое сигурно се случило. Се надевам дека и тренирал таму. Ќе видиме кога ќе се вратиме, не му бранам да прави ништо. Ќе видиме што направил во Мадрид. Тој остана да тренира во Мадрид и мислам дека тренирал“, вели Зинедин Зидан.
„Не можам да му забранувам на некој да прави нешто што сака. Нема да се мешам во личниот живот на Бејл. Ако тренингот е направен, може да прави што сака друго“.