Жоао Феликс беше на чекор до враќање во Бенфика, но зделката пропадна откако Ал Наср тропна на неговата врата и Португалецот сега е на добар пат да му стане соиграч на својот сонародник Кристијано Роналдо.
Се најавуваше дека Жоао Феликс ова лето ќе се врати во Бенфика и ќе се обиде да си ја врати кариерата на прав пат во клубот каде што порасна.
Сепак, последните информации велат дека оваа зделка пропаднала откако Ал Наср тропнал на вратата на Португалецот.
Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Жоао Феликс веќе кажал ДА на милионите од Саудиска Арабија и сега останува двата клуба да ги финализираат преговорите.
Се шпекулира со трансфер вреден околу 40 милиони фунти (околу 46 милиони евра) па Челси ќе си ја поврати инвестицијата од пред 12 месеци и покрај тоа што Жоао Феликс се покажа како големо трансфер промашување.
ФОТО: X/Chelsea FC