Мјалби го направи невозможното. Тимот кој пред почетокот на сезоната важеше за еден од главните кандидати за борба за опстанок, стана шампион на Шведска и испиша најневеројатна приказна во модерниот европски фудбал. Клубот од малото рибарско село со само 1500 жители вечерва ја потврди историската титула со гостинска победа над Гетеборг од 0-2. Со тоа Мјалби стана најмалиот град во историјата на сите топ-лиги во Европа кој изнедрил шампионски тим.
Приказната добива уште поголема тежина ако се знае дека пред само девет години клубот бил на работ на испаѓање во четвртата лига. Следната година тој ист Мјалби ќе застане мирно за химната на Лигата на шампионите.
Mjallby, a team from a fishing village of fewer than 1,500 people, are champions of Sweden 🤯
— Men in Blazers (@MenInBlazers) October 20, 2025
It's their first-ever title, achieved only seven years after the club were in the 3rd tier. Behold the joy of a footballing fairytale 🏆pic.twitter.com/Akqx53CUka
Тренерот Андерс Торстенсон, инаку директор во локалното училиште и поранешен воен офицер, го водеше тимот со неверојатна дисциплина и скромност. Главниот скаут е поштар, а повеќето фудбалери се родени во самото село или во неговата околина.
Буџетот на клубот е само една осмина од оној на веќе поранешниот шампион Малме, но тоа не ги спречи хероите од рибарското село да направат спортско чудо и да ја осворат титулата која ќе се прераскажува со години.