Жестоки критики за Влаховиќ: Добива еден милион евра месечно, а не знае да смири топка

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот италијански тренер Џовани Галеоне испрати јавни критики до српскиот напаѓач од редовите на Јувентус Душан Влаховиќ.

Влаховиќ не игра најдобра сезона, а во последниот период беше и резервна опција кај Тијаго Мота. Сепак, во Јувентус дојде до промена и тимот од клупата ќе го предводи Игор Тудор, па Влаховиќ веројатно се надева дека и неговата ситуација ќе се промени.

Сепак, Галеоне кој водеше неколку италијанските клубови во 80-тите години нема високо мислење за напаѓачот на „старата дама“.

„За Јувентус имам да го кажам само ова: Даваат милион евра нето месечно на Влаховиќ, можеби единствениот словенски играч, а јас ги обожавам веќе 80 години, кој не знае да прими топка. Едноставно не може. Ќе видиме дали нешто ќе се промени со доаѓањето на Тудор“, изјави Галеоне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани