Жестоки критики за Јамал: Не би го земал за Светското првенство, нека оди да игра за Мароко!

by Стефан
1 минути читање

Eден дел од шпанската јавност бурно реагираше откако Ламин Јамал беше повлечен од репрезентацијата поради наводна повреда, а според шпанскиот новинар, Исак Фоуто на тој начин тинејџерот покажал непочитување кон националниот дрес.

Посебно спорно за Шпанците е што Јамал не дозволи да биде прегледан од докторите во Шпанија, туку тоа го направи на „своја рака“ и во Барселона.

Фоуто порача дека поради ваквиот потег фудбалерот не треба да добие повик и за Светското првенството.

„Јас не би го земал Јамал на Светското првенство, со потегот што го напарави покажа комплетно непочитување. Најдобро за сите е да оди да игра за Мароко“, порача Фоуто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×