Женската репрезентација до 19 години ремизираше со Ерменија

by Стефан
1 минути читање

Македонската женска репрезентација до 19 години денеска ремизираше 1-1 во натпреварот против Ерменија во квалификацискиот турнир од „Б“ Лигата на Нации за пласман во „А“ лигата.

Во првото коло македонските млади фудбалерки беа подобри од Литванија, меѓутоа сега не успеаа да го запишат вториот триумф.

Преку Анастасиа Илиеска први дојдовме до водство во 63- минута, меѓутоа само четири минута подоцна Сајадин донесе израмнување за Ерменија.

Во последното коло Македонија ја чека натпревар против домаќинот Хрватска во Карловац. Тој натпревар се игра на 7 април во терминот од 12:30 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани