140
Во Нион беа одредени паровите за осминафиналето во Лига Европа, ждрепката донесе неколку интересни дуели како Болоња-Рома, Штутгарт-Порто, Лил-Астон Вила и Селта-Лион.
Лига Европа можеби го нема гламурот на Лигата на шампиони, но ждрепката за осминафиналето донесе неколку интересни пресметки.
Болоња ќе се сретне со Рома, Селта ќе игра против Лион, Штутгарт против Порто, а Лил против Астон Вила.
Првите натпревари се закажани за 12. март, додека пак реваншите се играат една недела подоцна.
Осмина-финале во Лига Европа:
Генк – Фрајбург
Болоња – Рома
Ференцварош – Брага
Штутгарт – Порто
Панатинаикос – Бетис
Нотингем форест – Мјитиланд
Селта – Лион
Астон вила – Лил