Ждрепка за СП: Македонија ако направи сензација би играла против Мексико, Јужна Африка и Кореја !

by 24 фудбал
2 минути читање

Светското првенство 2026 стартува со спектакуларен настан во Вашингтон и веќе по ждрепката е јасно дека нè очекува вистински спектакл. САД, Канада и Мексико ќе бидат домаќини на најмасовното фудбалско шоу во историјата, прво со 48 репрезентации распоредени во дванаесет групи.

Новитет е и форматот на елиминации. Првите две селекции од секоја група и осумте најдобри третопласирани тимови одат во осминафиналето. Тоа носи дополнителна нокаут рунда и рекорден број од 104 натпревари.

Ждрепката беше организирана по шаблон сличен на тениските турнири. Четирите носители според ФИФА ранг листата се распоредени така што не можат да се сретнат до полуфиналето, под услов да ги освојат своите групи. Шпанија е прв носител и ќе биде во една половина од костурот, Аргентина во другата, додека Франција и Англија се распределени спротивно една од друга.

Македонија може да заврши на планетарниот собир, ако изненади на бараж турнирот, ја елиминира прво Данска, а потоа Чешка или Република Ирска. Веќе е познато дека при сензација Македонија би заиграла во групата А на Мундијалот заедно со Мексико, Јужна Африка и Кореја.

  • Ждрепка за групите на Светското првенство:

Група А: Мексико, Јужна Африка, Кореја, Бараж Д (Данска, Македонија, Чешка, Р. Ирска)
Група Б: Канада, Швајцарија, Катар, Бараж А
Група Ц: Бразил, Мароко, Хаити, Шкотска
Група Д: САД, Парагвај, Австралија, Бараж Ц
Група Е: Германија, Курасао, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор,
Група Ф: Холандија, Јапонија, Тунис, Бараж Б
Група Г: Белгија, Египет, Иран, Нов Зеланд
Група Х: Шпанија, Саудиска Арабија, Уругвај
Група И: Франција, Сенегал, Норвешка, Бараж 2
Група Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан
Група К: Португалија, Узбекистан, Колумбија, Бараж 1
Група Л: Англија, Хрватска, Панама, Гана

Турнирот ќе биде отворен на 11 јуни на славниот „Ацтека“ во Мексико Сити со мечот меѓу Мексико и Јужна Африка, а финалето е закажано за 19 јули во Њујорк.

Претходно во март се закажани бараж турнирите во Европа, како и Интерконтиненталниот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×