Аргентина утре ја започнува авантурата на мундијалот во Катар, „гаучосите“ ќе ги одмерат силите со Саудиска Арабија.
Првата ѕвезда на тимот, Лео Меси тренираше нормално денеска, но се појавија загрижувачки слики од неговиот зглоб, кој изгледа прилично отечен.
Сепак, самиот напаѓач на средбата со новинарите рече дека е подготвен и нема никакви проблеми.
„Точно е дека тренирав одвоено откако добив удар, но нема ништо чудно во тоа, се работи за претпазливост. Нема никакви проблеми, физички се чувствувам одлично и во навистина добар момент доаѓам на Светско првенство“ – изјави Лео Меси.
This image of Lionel Messi’s ankle from training today doing the rounds via @SC_ESPN pic.twitter.com/7pMhkOs5wR
— GOLAZO (@golazoargentino) November 21, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.