Габриел Жезус не
крие дека очајно посакува повеќе минутажа во дресот на Манчестер Сити, тој има
лимитирани шанси за настап, меѓутоа признава дека е премногу тешко да се добие
почетно место во тимот покрај фудбалер од класата на Агуеро, за кого наведува
дека е легенда на клубот.
22 годишниот
бразилски напаѓач на „Итихад“ пристигна во јануари 2017. година, како наследник
на Агуеро за нападот на долгорочно ниво, Жезус работи во полна пареа, а притоа
постигна три погодоци на исто толку натпревари како стартер сезонава под
кормилото на Пеп Гвардиола.
„Треба да ја
чекам својата шанса, тука сум речиси три години, ова е моја четврта сезона, а
тоа ме прави да сакам да играм повеќе“ вели Бразилецот кој директно посочува
дека сака повеќе минутажа во дресот на
англискиот првак.
„Очигледно е дека
е многу тешко да се борите за минутажа со Агуеро, најголемата легенда на
клубот, тоа сепак е добро за тимот, Агуеро игра добро кога е во тимот, меѓутоа
и јас го правам истото во една таква ситуација“ додава тој.
„Го разбирам Пеп,
ги разбирам неговите одлуки и го почитувам Серхио, неговата историја тука, како
и тоа што го прави во моментов“ заклучи Жезус.