Франческо Тоти на
последниот меч сезонава во Италија, против Џенова го одигра последниот
натпревар во дресот на Рома, со доза емоции капитенот се прости од клубот каде
ја мина целата своја кариера, беше тоа вистински спектакл на трибините, а
воедно и теренот.
Жуан Жесус
открива дека Тоти имал посебна идеја како да се збогува со фановите на Рома,
оние најверните, на трибината веднаш зад голот.
„Беше неверојатно
збогување, цела недела беше нервозен поради тоа, еден ден ќе кажеше дека ја
завршува кариерата, друг ќе се предомислеше и зборуваше како сака да продолжи
со фудбалот. Пред мечот со Џенова седеше со мене и Пероти и во соблекувалната
ни откри дека доколку добие шанса да изведе удар од белата точка, ќе ја упати
топката кон најверните навивачи на Рома. За среќа, немаше пенал за нас, па на
крајот топката ја упати кон трибината со потпис на истата. Тој е феноменален,
заслужува многу повеќе од таков натпревар, секогаш беше покрај нас и сакаше да
ни помогне“ открива Бразилецот.
Рома со голот на
Пероти во самиот финиш од средбата на „Олимпико“ против Џенова, славеше со 3-2
и обезбеди директен пласман во групите од Лигата на шампионите за следната
сезона, Тоти доби прилика за настап во 54. минута и влезе на местото на Салах
за двојна радост на трибините.