Спортинг Лисабон одигра реми со резултат 1-1 против
Јувентус во четвртото коло во Лигата на шампионите, Португалците во двата меча
против италијанскиот првак имаа водство, на првиот во Торино загубија со 2-1, а
вечерва во Лисабон на крајот ремизираа.
Навивачите на Спортинг збеснаа по Македонецот: Ристовски направи ми син…! (ФОТО)
Македонскиот интернационалец Стефан Ристовски за прв пат
беше стартер во Лигата на шампионите, играше се до 90. минута кога беше
заменет, а при замената се пожали и на повреда, која се надеваме не е од
посериозен карактер. Инаку нашиот фудбалер доби овации од гледалиштето при замената.
По мечот, стратегот од клупата на Спортинг Лисабон, Жорге
Жесус беше запрашан за изданието на Македонецот, а тој го сумираше впечатокот.
ЛШ: Рома го прегази Челси, овации за Ристовски во ремито на Спортинг Лисабон против Јувентус (ВИДЕО)
„Тој имаше потешкотии со повреда во последните неколку
минути. Одигра одлична дефанзива во дуелите со Манџукиќ кој е многу тешко да го
сопрете физички па треба да бидете мудри. Ова беше натпревар на кој видовме
одлично издание на неколку фудбалери“ истакна искусниот тренер на португалската екипа.
Извор/Фото-вест: record.pt