Вардар на домашен
терен го пречекува руски Зенит во рамките на првото коло од групата „Л“ од Лига
Европа каде истовремено играат и Реал Сосиедад и Розенборг.
Нашиот
претставник губи со 0-3 по првите 45 минути игра, а гостите ја покажаа својата
надмоќ пред се’ во воздушните
дуели, токму во тие ситуации стигнаа два од вкупно трите гола за рускиот претставник.
Го нема Новак во
дефанзивната линија, тој е повреден и не е во комбинација за настап, а тоа се
ферлектираше негативно во играта на „црвено-црните“ кои додатно го немаат ниту
Спировски во средниот ред, кој си замина од клубот по трансферот во унгарски
Ференцварош.
Четата на
Јаневски делуваше импресионирано од својот противник во почетната фаза од
мечот, па гостите иако немаа некоја иницијатива на теренот, ниту пак посебна доминација,
поведоа против македонскиот првак.
Се играше 6. минута
кога при една нафрлена топка од корнер Кокорин биеше со глава за водство на
гостите од 0-1, а фудбалерот на тимот од Санкт Петерзбург беше оставен сам во
оваа ситуација, непречен од никој да бие во мрежата од голот на Гачевски кој
беше немоќен при оваа прилика.
Истиот фудбалер
на гостите, по голот во 6. минута со глава при нафрлена топка од корнер, овој
пат во 21. минута биеше со глава на втората статива по една одлично нафрлена
топка а повторно и во оваа ситуација беше оставен сам, непречен од никого да
бие во мрежата од голот на Гачевски.
Гостите стигнаа и до водство од 0-3 во 39. минута при еден „подарок“ на Вардарци, Кокорин изби сам во оваа ситуација, но наместо да реализира хет-трик, тој се реши за мајсторска асистенција за Ѕјуба кому не му претставуваше проблем да погоди за 0-3, резултат кој остана до крајот на првото полувреме.
Доколку сумираме за сите случувања во првиот дел, гостите во целост ја искористија укажаната прилика, искуството кое го имаат од големите натпревари во голема мера им донесе поволен резултат уште во првото полувреме од средбата со Вардар, а нашиот противник има додатни 45 минути игра во која може да извлече многу, како искуство за следните натпревари кои претстојат во Лига Европа.
Вардар: Гачевски, Грнчаров, Џигаури, Блажевски,
Николов, Барсегјан, Велкоски, Глигоров, Хамбарѕумјан, Фелипе и Брдаровски (Глишиќ 44′).
Мечот во Скопје го суди данскиот арбитар Јакоб Келет.
Фото: Кочо Сотировски (24фудбал)