82
Зенит го растури Вардар во Скопје, а македонскиот шампион не помина добро ни на другите натпревари во Лига Европа.
Очигледно Роберто Манчини не гледа сериозен противник во Вардар, па смета дека и со втор состав ќе дојде до трите бода од овој дуел.
„Ќе имаме измени во тимот, сакам да им дадам шанса на тие што играат помалку. Но кој и да настапи ќе играме на победа против Вардар. Тие што ќе добијат можност да играат треба да го докажат квалитетот“ – вели Роберто Манчини.
Натпреварот помеѓу Зенит и Вардар се игра утре со почеток од 19 часот.