Зенит го потврди трансферот на Ивановиќ од Челси

by
1 минути читање

По девет години поминати во Челси, Бранислав Ивановиќ се врати во Русија, овој пат ќе го облече дресот на Зенит.

„Зенит со задоволство може да потврди дека потпиша со Бранислав Ивановиќ. Тој стави потпис на две и пол годишен договор“ – се вели во клупското соопштение.

Во деветте години поминати во Челси, Ивановиќ два пати ја освојуваше Премиерлигата, еднаш Лигата на шампионите, еднаш Лига Европа, три пати ФА Купот и еднаш Лига Купот.

Тој е еден од петте странски играчи во Челси што имале повеќе од 300 настапи за клубот, покрај него такво достигнување имаат Дидие Дрогба, Џон Оби Микел, Петр Чех и Џанфранко Ѕола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани