Македонскиот
првак Вардар во групната фаза од Лига Европа ќе игра во друштво на Зенит, Реал
Сосиедад и Розенборг, кои заедно ја сочинуваат конкуренцијата во групата „Л“.
Според
информациите кои ги пренесуваат медиумите во Русија, тамошниот претставник
Зенит веќе ги одредил цените на билетите за натпреварите кои ќе ги игра на
домашен терен во Санкт Петерзбург, најскапи се оние против тимот од Шпанија, од
7.3 евра достигнуваат до 58.41 евро.
Најефтини за
нијанса се дуелите против Розенборг, односно нашиот претставник Вардар.
Против
Норвежаните, Зенит одреди цени од 5.84 евра до 49.65 евра. За Вардар
најевтините билети се по цена од 5.84 евра, најскапите за овој натпревар
достигнуваат цена до 43.81 евра.
Избраниците на
Чеде Јаневски своето гостување во Русија ќе го имаат на 23 ноември годинава.
Извор: sport-express.ru
Фото-вест: fc-zenit.ru