Земи или остави: Лестер до понеделник треба да одговори на понудата од Јунајтед за Мегваер вредна 80 милиони фунти

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед тргна во финална офанзива по потписот на Хари Мегваер. Клубот од Олд
Трафорд со месеци се обидува да го ангажира дефанзивецот но Лестер не се
откажува лесно и бара рекордна сума (се верува околу 90 милиони фунти).

Скај Спортс веќе
најави дека „ѓаволите“ се подготвени да понудат 80 милиони фунти, и Токспорт
сега пренесе дека формален предлог со оваа сума е испратен до „лисиците“. Новинарот Џон
Вајт објави дека се работи за понуда земи или остави, односно Манчестер
јунајтед нема намера да плати повеќе и ова е нивниот последен предлог.

Лестер исто така
е известен дека овој предлог на маса ќе стои неколку дена и тие до понеделник
ќе треба да се изјаснат, во спротивно „ѓаволите“ ќе се повлечат од преговорите.

Доколку биде
прифатена понудата, Хари Мегваер ќе стане најскапиот дефанзивец во светот,
рекордот во моментов го држи Вирџил ван Дајк, за кого беа платени 75 милиони
фунти во јануари 2018.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×