Желбите на Флик се поинакви од оние на Лапорта, тренерот на Барса сака да биде купен друг репрезентативец на Шпанија

by bojan
1 минути читање
Нико Вилијамс

Денешното издание на Спорт вели дека тренерот Ханси Флик преферира да биде ангажиран Дани Олмо наместо Нико Вилијамс, кој е главна желба на претседателот Жоан Лапорта.

Изминатиов период често имаше гласини дека Барселона сака да го донесе Нико Вилијамс ова лето, дури и Жоан Лапорта јавно призна дека му се допаѓа напаѓачот и ќе сторат се што можат за да го ангажираат.

Но како што пренесува весникот Спорт, Ханси Флик на ум има друг репрезентативец на Шпанија и сака да биде ангажиран Дани Олмо.

Тренерот на Барса е свесен дека ќе има пократок состав, па го преферира Дани Олмо поради неговата сестраност и можноста да игра на неколку позиции во офанзивата.

Секако, идеално би били Барселона да ги ангажира и Нико Вилијамс и Дани Олмо, но во овој момент шансите за ова се многу мали, „каталонците“ немаат доволно финансиски средства за една ваква двојна зделка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани