Вардар не може да се
пронајде себе си во Лига Европа, очигледно е голема разликата во квалитет со
ривалите во ова натпреварување, па ако нешто може да се земе како позитивно од
вечерашното гостувањево Сан Себастијан кај Реал Сосиедад, е тоа што се враќа со
поднослив пораз.
Вечерашниот пораз би
можел да се нарече поднослив, барем според претходниот дуел со шпанскиот
прволигаш кој сред Скопје беше убедлив со 0-6, а овој пат на „Аноета“, пред
својата публика славеше со 3-0.
Повторно потфрли
составот на Чеде Јаневски кој играше крајно дефанзивно, па прашање е дали
идејата на стратегот од клупата на црвено-црните беше да се избегне висок
пораз.
Како и многупати
претходно, ако можеме нешто најдобро да извлечеме од македонскиот шампион, тоа
се неговите навивачи, кои отпатуваа до Сан Себастијан на долг пат за да го
бодрат својот омилен клуб…