Желбата број „1“ за Мурињо ќе се оствари во следните 72 часа

by
1 минути читање

Шпанските медиуми во
текот на денов
известија дека во канцелариите на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнале таткото и агентот на напаѓачот Алваро Мората, на средба со лидерите
на Реал Мадрид.

„АС“ пренесува
дека изминатиов викенд Реал Мадрид и Манчестер 
јунајтед ги дефинирале нивните позиции во трансферот на Алваро Мората во
тимот од „Олд Трафорд“, наводно истите веќе биле приближени со своите ставови,
па се очекува долго најавуваниот трансфер да се реализира во следните 72 часа.

24 годишниот
фудбалер стана желба број „1“ за португалскиот стратег од клупата на
премиершигашот, Жозе Мурињо, тој сака да го добие Мората до 9. јули, кога
Манчестер јунајтед ја почнува предсезонската подготовка.

Мурињо добро ги
познава Мората, кој дебитираше во Реал Мадрид токму под
кормилото на Португалецот во 2010. година во гигантот од Шпанија, па така
верува дека токму Мората според своите технички и физички карактеристики ќе
биде сензација во Премиерлигата.

Мурињо и Мората на тренинг на Реал Мадрид 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×