По успешниот настап во Лига Д, македонската фудбалска репрезентација се пласираше на следното ниво во Лигата на нации, па во новата сезона ќе игра во Лига Ц.
Македонија е во вториот шешир заедно со селекциите на Косово, Белорусија и Кипар, тоа значи дека не можеме да добиеме ниту една од нив.
Но, можеме да бидеме во група со Грција или Албанија кои се носители во ждрепката за Лига Ц, до нив се уште и Црна Гора и Грузија.
Од третиот шешир ќе бидат влечени Естонија, Словенија, Литванија и Луксембург, а ќе ни се падне и некој од Ерменија, Азербејџан, Казахстан и Молдавија кои се наоѓаат во четвртиот шешир.
Лига Ц
Шешир 1: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија
Шешир:2 Македонија, Косово, Белорусија, Кипар
Шешир 3: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург
Шешир 4: Ерменија, Азербејџан, Казхстан, Молдавија
Натпреварите од Лигата на Нации почнуваат во септември, а групната фаза ќе заврши во ноември. Финалните натпревари ќе се играат на почетокот од јуни следната година.
